Поплави во Албанија – невремето ја однесе и првата жртва

Состојбата со поплавите на целата територија на Албанија е алармантна, а дождот и понатаму интензивно врне, со што се зголемува нивото на водата, јави дописникот на МИА. Поради тоа целосно се ангажирани припадниците на полицијата, вклучувајќи ја и единицата за брзи интервенции, противпожарните единици, дел од армијата и вработените во здравствените установи.

 

Во спасувачките акции се вклучени полицајци, пожарникари, како и дел од армијата. Педесет војници помагаат во Фуш-Круја, додека група војници успеаја да спасат 13 лица во Валиас – десет цивили, од кои четири деца и тројца пожарникари, кои останаа блокирани. Поради силниот ветер предизвикани се многу дефекти во електромрежата, па голем дел од Албанија е без електрична енергија.

 

Со цел да се заштитат браните од пукање поради наглото зголемување на нивото на вода во акумулациите, доцна соноќа беа отворени прпустните вентили на двете хидроцентрали на каскадата на реката Дрим – „Вау те Дејес“ и „Коман“.

 

Поројните дождови поплавија големи земјоделски површни и патишта. Од големото ниво на вода блокиран е автопатот Трана-Драч, поради што сообраќајот е пренасочен. Проблем во одвивањето на сообраќајот има и на патот кој води кон меѓународниот аеродром во Тирана, како и на други патни правци. Видно е зголемено нивото на реките, а поплавени се и повеќе деловни објекти и домови.

 

Поради хаотичната состојба што ја предизвика невремето, на повик на албанскиот премиер Еди Рама на терен излегоа не само министрите, туку и голем број пратенци.

 

При отстранување на дефект во градот Фиер, животот го загуби електречар, кој е прва жртва од невремето. Три лица се повредени во Скадар, од кои двајца поради серозноста на повредите се префрлени на клиниките во Тирана.

 

Во земјата денеска нема настава да се одржи настава во училиштата, а нема да работат ниту градинките.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien