Исламската држава не е уништена, планира напади во Европа

Facebook
Twitter
Email
Print

Борец на Исламска држава, уапсен на границата со Турција, изјавил дека ИД не е се распаднала туку дека нејзините борци се префрлени во Европа за да извршат напади.

 

Британскиот весник „Дејли мејл“ наведува дека турските безбедносни служби минатиот месеци го уапсиле дваесет и шестгодишниот Садам ал-Хамади на турско-сириската граница. Тој тврди дека ИД не се распаднала, туку дека нејзините борци го искористиле хаосот кој настанал при ослободувањето на Рака и побегнале кон европските држави во кои планираат напади.

 

„Тие одат во одделни европски земји за да изведат напади. Во Европа отишле по повлекувањето. Пред тоа, тие биле учени дека Европејците се неверници“, рекол Хамади.

 

Ал Хамади соопштил дека терористите преку Турција ќе влезат во Европа и ќе изведат терористички напади. Весникот наведува дека тој признал дека помогнал при шверцување терористи во Рака, која се сметаше за главно упориште на ИД.

 

Уапсениот 18 месеци бил во редовите на ИД, а тврди дека регрутирал и многу борци од повеќе држави, вклучувајќи ја и Британија.

 

„Ги чекавме ноќе и ги криумчаревме внатре во Рака. Таму добиваа воена и религиска обука“, објаснува Хамади. Токму тоа што го работел му помогнало и да побегне, пишува „Дејли мејл“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи