ВИДЕО : Крвава тепачка на натпреварот Партизан – Црвена ѕвезда

Facebook
Twitter
Email
Print

Најмалку 17 навивачи се повредени во тепачката што се случи вчера на фудбалскиот натпревар меѓу Партизан и Црвена звезда во Белград.

 

Тепачката се случила на јужната трибина на стадионот на Партизан за време на првото полувреме на вечното дерби.

 

 

„Повредени се над 17 навивачи, сѐ уште не се знае точната бројка, бидејќи сите екипи сѐ уште не се вратени од теренот. Едно момче е префрлено на реанимација на Воено-медицинската академија која е дежурна“, изјави вчера порпаролката на Итната помош, Нада Мацура.

 

Точните причини за тепачката уште не се познати. Моментално има две верзии: едната е дека навивачите на Ѕвезда влегле на јужната трибина и испровоцирале тепачка, а другата е дека навивачите на „црно-белите“ се истепале меѓу себе.

 

 

Она што е познато дека летале бакли и навивачите биле соблечени „речиси до гола кожа“, што остави непријатен впечаток кога полицијата го разби инцидентот и почна да ги спроведува навивачите надвор од стадионот.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи