Најмалку 32 загинати откако автобус падна во река во Индија

Facebook
Twitter
Email
Print

Најмалку 32 лица загинаа, а десет се повредени кога автобус паднал од мост во река во Раџастан, Индија. Несреќата се случила кога, според информациите од индиските медиуми, автобусот се обидел да претекне друго возило, по што ја пробил заштитната ограда, излетал од патот и од висина од 20 метри паднал во реката Банас.

 

Спасувачките екипи извлекле 33 тела од реката, додека десет патници се повредени и хоспитализирани.

 

Сообраќајните несреќи во Индија се многу чести и повеќе од 110.000 луѓе годишно умираат во сообраќајни несреќи. Се случуваат најчесто поради замор на возачот, невнимание, лош квалитет на патиштата и возилата, како и од преголем број на патници.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи