Харден сруши рекорд стар 10 години, застана во редот со Џордан и Брајант

Facebook
Twitter
Email
Print

Џејмс Харден на втор натпревар во низа постигна 51 поен, но тоа на крајот не беше доволно за триумф на Хјустон.

 

„Брадата“ сруши рекорд стар 10 години, Џејмс Харден е првиот играч по Коби Брајант кој постигнал најмалку 50 поени на два натпревари во серија. Ѕвездата на Хјустон реализираше 51 поен против ЛА Лејкерс пред два дена, а и утрово исто така постигна 51 поен против ЛА Клиперс.

 

Но исто како на пресметката со „Езерџиите“, и на овој меч „Ракетите“ доживеаја пораз, Клиперси славеа 118-128.

 

Џејмс со овие две изданија застана во редот на многу познати асови, имено тој е првиот играч по Коби Брајант (2007-четири меча во низа) кој постигнал 50 или повеќе кошеви на два натпревари во низа.

 

Ова во изминативе две децении им успеало само уште на Ентоан Џејмисон за Голден Стејт (2000) и Ален Ајверсон за Филаделфија (2004). Претходно тоа им успеало и на легендарните Мајкл Џордан (Чикаго Булс 1987) и Бернард Кинг (Њујорк Никс 1984).

 

Според информациите и статистиките велат дека Харден е вториот играч кој постигна 50 поени во два меча, а истите ги загубил. Првиот е Вилт Чембрлејн во 1962-63 кога на три средби имал извонреден учинок, но неговиот тим немал на крајот посакуван резултат.

 

Инаку прво име кај Клиперс беше Остин Риверс со 36 поени и 7 асистенции, а Вилијамс реализираше 32 поени.

 

 

НБА резултати:

 

Деторит – Њујорк 104:101
Орландо – Њу Орлеанс 97:111
Бруклин – Вашингтон 119:84
Хјустон – ЛА Клиперс 118:128
Мајами – Далас 113:101
Милвоки – Шарлот 109:104
Оклахома – Атланта 120:117
Портланд – Денвер 85:102
Голден Стејт – ЛА Лејкерс 113:106

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи