Долгоочекуваната Божикна вечер од НБА лигата, како и секогаш, донесе возбудувања за навивачите и љубителите на кошарката. Во вчерашната вечер се одиграа 5 натпревари, а најинтересен од нив беше мечот кој требаше да биде реванш на минатосезонското финале, помеѓу Голден Стејт Вориорс и Кливленд Кавалирс.
Тимот на Голден Стејт Вориорс, предводен од Кевин Дурант, го совлада тимот на Кливленд Кавалирс со резултат 99:92 во натпревар кој беше реприза на финалињата од претходните три сезони во НБА лигата.
Кевин Дурант покажа дека може да биде клучен фактор во сезоната на Голден Стејт Вориорс, откако Стеф Кари се повреди и беше оневозможен да настапи против најголемиот конкурент за титулата на Вориорс. Тој постигна 25 поени, но поимпресивна беше неговата игра во одбраната, каде успеа да забележи 5 блока и 2 украдени топки. Клеј Томпсон беше вториот најефикасен играч на Вориорс, со 24 поени, додека Дрејмонд Грин забележа трипл-дабл со 12 поени, 12 скока и 11 асистенции.
Во тимот на Кливленд Кавалирс двајца играчи се издвоија како најдобри, Кевин Лав со 31 поен и 18 скока, и секако, Леброн Џејмс со 20 скока, 6 асистенции и 6 скока. Сепак, тоа не беше доволно за Кливленд да дојде до победа, бидејќи шутираа очајно од поле, со само 31,8% успешност.
Останати резултати:
Њујорк Никс – Филаделфија Сиксерс 98:105
Бостон Селтикс – Вашингтон Визардс 103:111
Оклахома Сити Тандер – Хјустон Рокетс 112:107
Лос Анџелес Лејкерс – Минесота Тимбервулвс 104:121