САД: Конгресот бара извештај од Пентагон за руското влијание на Балканот

Facebook
Twitter
Email
Print

Пентагон доби задолжение од Конгресот да подготви анализа на безбедносната соработка на секоја од државите од Западен Балкан со Русија. Директорот на Пентагон, Џејмс Матис треба да изготви извештај, кој ќе биде испратен во соодветните комисии на двата дома на Конгресот, вклучувајќи ги и оние за одбрана и надворешна политика.

 

„Американскиот Конгрес сака детална листа за „руското оружје, воена опрема и техника, која е купена и доставена за над еден милион долари во секоја од земјите од Западен Балкан од 2012-та година до денес“, соопшти „Гласот на Америка“.

 

Во извештајот на Матис треба да биде вклучен и опис на учеството на безбедносните сили на Македонија, Србија, БиХ и Косово во обука или воена вежба со Русија, исто од 2012 до денес. Потоа се бара опис на сите договори за безбедносната соработка на секоја од тие земји со Русија и преглед на разузнавачката соработка со Москва.

 

„Целта на овој извештај е САД да добијат претстава за соработката во областа на безбедноста на земјите од Западен Балкан со Руската Федерација и какво е влијанието на ова партнерство врз интересите на САД, НАТО, Западен Балкан и секоја земја-членка на Атланскиот пакт, која граничи со земјите од Западен Балкан“, се вели документот.

 

Во Западна Европа и САД се загрижени од зголеменото руско влијание на Балканот и Централна Европа. Минатиот месец влијателниот Атлантски совет се прогласи за постојано воено присуство на Балканот со цел стабилизирање на Југоисточна Европа поради „зголемениот политички притисок на Русија во регионот“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи