Изминатава ноќ во Америка се одиграа осум натпревари во НБА лигата, но оној последниот кој беше на програмата во Лос Анџелес ни ги понуди најголемите возбудувања, барем кога се во прашање индивидуалните потези на еден играч.
Српскиот плејмејкер Милош Теодосиќ дефинитивно го збудале Американците со неговите маалски финти и асистенции, па синоќа тој запиша двоцифрен ефект во додавања од кои најголемиот дел беа импресивни. Србинот додаваше како што сака, а играчите на Сакраменто се чудеа од каде ги вади потезите.
Теодосиќ беше вистински организатор на ЛА Клиперс во убедливата победа од 122:95 над Сакраменто. Тој имаше 10 асистенции за време на мечот, но онаа последната беше посебно брилијатна бидејќи претходно го исфинтира Зек Рендолф за сите пари.
Далас – Торонто 98:93Детроит – Индијана 107:83Мајами – Орландо 107:89Милвоки – Чикаго 106:115Сан Антонио – Бруклин 109:97Денвер – Јута 107:83Феникс – Мемфис 99:97ЛА Клиперс – Сакраменто 122:95