Антиќ: Ќе играм додека се смеам и уживам

Facebook
Twitter
Email
Print

Перо Антиќ игра одлично во дресот на Црвена звезда, експресно се наметна како лидер во својот омилен клуб, па македонскиот ас неслучајно почнува и да размислува за менување на својот став околу завршувањето на кариерата.

 

Тој претходно најави дека оваа сезона најверојатно ќе му биде последна во фантастичната кариера, но како што се ближи нејзиниот крај, така се зголемуваат и шансите Антиќ уште најмалку една година да го гледаме на терените.

 

Во интервју за „спортске.нет“, Перо Антиќ говореше токму за тоа.

 

„Да почекаме… Ќе играм кошарка се додека уживам во тоа. Тоа ми го има кажано и мојот татко кога почнував – играј додека се смееш и уживаш“, изјави Антиќ.

 

Тој дополни дека кошарка ќе игра се додека е насмеан.

 

„Оваа година најмногу ќе ја паметам по враќањето во финалето на Евролигата и победата која ја остварив со Фенербахче. Потоа и по враќањето во Звезда и лично во семејството, тоа се најважните работи. Ова најверојатно е една од моите најдобри години во кариерата, може да се спореди со онаа кога бев играч на Олимпијакос. Се надевам дека и новата ќе биде добра за мене“

 

Антиќ секогаш има посебно добредојде во клубовите каде играл претходно, последен пример беше гостувањето кај Фенербахче каде имаше срдечен дочек и од навивачите и од соиграчите.
„Секогаш сум приврзан за клубовите, секогаш давам се од себе. И брат ми да игра во другиот тим нема везе, давам се од себе. По натпреваро се гушкаме. За кој тим и да играм, јас живеам за тој тим. А тие го почитуваат тоа и не го забораваат“.
Трансферот во Црвена звезда за него претставуваше враќање во таборотна белградскиот клуб, а разликата во окружувањето е голема.
„Главната разлика е во маркетингот и во резултатите. Црвена звезда е Црвена звезда, и тогаш имавме одлична тимска хемија како и сега. Овој тим е млад, тренираме напорно, дури и коските ме болат на моменти“.
Тој важи за продолжена рака на тренерот Алампијевиќ како авторитет над помладите играчи, а ситуацијата е интересна и поради фактот дека Алампијевиќ е четири години помлад од Антиќ.
„Нема тоа никаква врска, јас сум од Балканот и без разлика на возраста секогаш ги почитувам тренерите. Тој е газда, лидер на тимот, ние го слушаме и тоа е тоа. Човекот знае кошарка, работи цело време, опседнат е со овој спорт и затоа можеме само да му честитаме. Впрочем, ова му е прва година во Евролигата и веќе оствари резултати што никој не ги очекуваше“.
Аниќ беше запрашал и како се прилагодил на повторното патување со автобуси со оглед на тоа дека во НБА и во Фенербахче леташе со чартери.
„Па сите не сме почнале со чартери. Почнавме од автобуси од ЈСП, а знам како беше во Звезда минатиот пат. Се навикнуваш, знаеш каде доаѓаш, а со хемијата која ја има овој тим, забораваш на тие работи“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи