Еден од најдобрите голмани на денешницата Тибо Куртоа има голема желба да се врати во Мадрид, но не и во редовите на Атлетико, чиј дрес успешно го носеше од 2011 до 2014 година.
Откако одби да го продолжи договорот со Челзи, се поизвесно е дека Тибо ќе ги брани боите на друг клуб, а според медиумите станува збор за европскиот првак Реал Мадрид, каде што му е загарантирано местото на прв голман, пред Кејлор Навас. Куртоа инсистира на трансфер во Реал, бидејќи неговите деца растат во Мадрид и токму затоа го одби потпишувањето на нов договор со Челзи.
Обврските кон Челзи му се до летото 2019 година, но 25-годишниот Белгиец е решен предвреме да ги напушти сините од Лондон и својата иднина да ја гради во Шпанија.
Куртоа е шест години член на клубот од Лондон, од кои три беше на позајмица во Атлетико Мадрид.