Властите во Рио де Жанеиро очекуваат рекорден број луѓе кои Новата година ќе ја дочекаат на плажата Копокабана.
„Сметаме дека ќе има три милиони луѓе, изјави Марсело Алвеш“, претседател на општинската агенција за туризам Риотур.
За редот ќе бидат задолжени околу 1.000 полицајци. Владата објави дека се укинати одморите за 2.000 воени полицајци за да се грижат за безбедноста во градот на крајот на годината.
Година и половина по Олимпијадата, во Рио насилството е на високо ниво. Тоа се комбинира и интензивира поради тешката економска криза што ја потресува државата која е на работ на банкрот.
И покрај овие проблеми, властите оваа година се надеваат дека 2,7 милиони туристи од целиот Бразил и од светот ќе пристигнат за Новогодишни празници, кои ќе инјектираат околу 500 милиони евра во економијата на државата.
Во градот ќе има девет сцени на кои ќе се одбележи Нова година со музика.