Белгија и Холандија повторно разменија територии

Facebook
Twitter
Email
Print

И додека во нашето соседство секоја држава има територијални претензии една кон друга, народите се заглавени во историјата стара и по 2.000 години на запад териториите се разменуваат по договор и без никакви проблеми.

 

Холандија и Белгија повторно разменија територии откако тоа за прв пат го направија во 1843 година.

 

Двете земји се договорија на почетокот на оваа година повторно да ја исцртаат границата долж реката Мас и двата полуострови со големина од 16,3 хектари колку 23 фудбалски игралишта Белгија да ии ги отстапи на Холандија, а за возврат, Белгијците добија еден полуостров од Холандија кој што има 3 хектари.

 

Овој догорор стапи на сила вчера на 1-ви јануари 2018-та година и беше навистина потребен поради инжинерските зафати и промената на текот на реката во 1961-ва година, кога делови од териториите беа отсечени од земјите на кои што оригинално ѝ припаѓаа.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи