Индија годинава ќе стане четврта најголема економија во светот.
На светската листа ќе ги претекне Велика Британија и Франција, а се очекува дека до 2032 година ќе стигне на третото место веднаш зад САД и Кина, објави британскиот Центар за економски и бизнис истражувања.
Индија, според податоците за бројот на жители наскоро ќе стане и најмногубројната држава во светот.
Економскиот раст на Индија е малку забавен на 5,7 проценти, но до крајот на оваа година ќе се зголеми повторно на повеќе од 6 проценти, што и понатака е многу силен раст, особено ако се спореди со напредокот на останатите развиени земји.
Евтините енергенти и дигиталната револуција ќе бидат мотор за економскиот раст во светот, се наведува во извештајот, а ќе доминираат азиските економии, на прво место Индија, Кина и Јапонија.
Се очекува до 2030 година кинеската економија да ги надмине САД на врвот на листата.