Министерот за економија на Шпанија, Луис де Гуиндос, изјави дека кризата во Каталоноја ја чинела државата една милијарда евра, а локалната економија продолжува да ги чувствува последиците.
Де Гуиндос изјави дека, успорувањето на економскиот пораст во Каталонија влијае на вкупната шпанска економија, која е четврта по големина во еврозоната.
„Каталонија имаше пораст повисок од шпанскиот и претставуваше еден од двигателите на шпанската економија. Сепак, во последните четири месеци од минатата година таа е на товар на државата“, рече Де Гуиндос.
Шпанија се најде во длабока политичка криза, кога регионалниот парламент на Каталонија прогласи независност во октомври, по референдумот кој Владата на Шпанија го прогласи за незаконски.
145