Џиџи до Џиџи: Јуве е секогаш вистинскиот избор

Facebook
Twitter
Email
Print

Легендарниот голман на Јувентус и италијанската репрезентација, Џанлуиџи Буфон веројатно на крајот од оваа сезона ќе оди во пензија. Буфон си најде нова задача, а тоа е да најде замена за него на голот на „старата дама“.

 

Сите веруваат дека наследник на Буфон ќе биде Џанлуиџи Донарума, кој сега е на голот на Милан. И самиот Џиџи Буфон потврди дека сака Донарума да биде негов наследник.

 

„Јувентус секогаш бил вистинскиот избор, никогаш не бил погрешен. Неговата ситуација е сериозна ако се знае дека потпиша со Милан во изминатиот период и сепак не знам колку е емотивно поврзан за тој клуб. Но, сепак можам да му кажам една работа како што му ја кажав во репрезентација, разликата кај луѓето е во тоа што се разликуваме еден од друг, e вибрацијата која ја чуствуваме во нас, па сега вие слободно извлечете го заклучокот од тоа што сакам да му порачам на младиот голман“, дециден е Буфон.

 

Познато е дека Милан се наоѓа во лош момент поради финансиските проблеми, па првите ѕвезди на тимот веќе започнаа да бараат опција надвор од „Сан Сиро“, што секако уште повеќе ги зголемува шпекулациите околу судбината на Донарума.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи