Трамп: Можно е да се вратиме на Парискиот климатски договор

Facebook
Twitter
Email
Print

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави  дека Вашингтон може повторно да се вклучи во Климатскиот договор од Париз, под услов да се подобрат условите кон САД. Критики упати до неговиот претходник Барак Обама кој, како што вели, склучил „лоша и неправедна спогодба“ во однос на финансиските трошоци.

 

Трамп лани образложи дека спроведувањето на договорот ќе затвори илјадници работни места во индустријата и ќе го намали производството во многу сектори.

 

“Ние сме земја богата со гас, јаглен, нафта и многу други работи. Договорот е лош за нашите компании“, предупредил Трамп, оценувајќи дека целите за САД се превисоко поставени во однос на нивниот главен противник, Кина.

 

Неговите коментари беа направени за време на заедничката прес-конференција со норвешката премиерка Ерна Солберг во Белата куќа. Норвешка, богата со резерви на нафта и гас, беше првата развиена земја која го ратификуваше глобалниот договор за намалување на емисиите на јаглерод.

 

Парискиот договор е потпишан од речиси 200 држави и неговата целе драстично да се забави глобалното затоплување. САД се заложија до 2025 година да ги намалат емисиите до 28 проценти од нивоата од 2005 година.

 

Кина во моментов е најголем емитувач на јаглерод во светот, а САД се веднаш зад неа.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи