Вујовиќ распали по ЕХФ: Спортот го водат дебили

По драматичнот натпревар во кој Словенија остана без победа во дуелот против европскиот шампион Германија, откако француските судии по истекот на времето и прегледувањето на снимките досудија најстрога казна на Германција, селекторот на Словенците, Веселин Вујовиќ, распали по судиите, но и челниците на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

 

На прес-конференцијата по натпреварот, разлутениот Вујовиќ не бираше зборови, па челниците од ЕХФ ги нарече „дебили“.

 

„Не знам што се случи, не ги знам правилата. Честитки до Германија за ремито, многу среќа во иднина. Зошто видео-технологијата ја користеа на крајот, а не при измислениот пенал над Генсхајмер, за што измислено исклучување доби Кавтичник, а потоа и нашата клупа. Застанав на голот за да покажам дека направија хаос. Зошто кога тие се за*баваат со нас и јас да не се за*бавам со нив. Овој спорт е смешен затоа што го водат дебили“, изјави Вујовиќ на прес-конференцијата.

 

Можеби Вујовиќ до некаде е и во право, со оглед на големиот број на контроверзни судиски одлуки кои го следат ова првенство.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien