Двајца загинати при експлозија во Белгија

Facebook
Twitter
Email
Print

Две лица загинаа, a 40-ина се повредени по експлозијата во белгискиот град Антверпен, која оштети неколку згради. Полицијата во Антверпен изјави дека експлозијата не била поврзана со терористички напад и информира дека веројатно се должи на истекување гас.

 

„Сѐ уште ништо не знаеме за причините. Вистинската истрага допрва ќе уследи“, изјавија од локалната полиција.

 

Експлозијата одекнала во италијанскиот ресторан „Примавера“ во областа Парденмаркт, а од нејзината јачина се урнала зградата во која бил сместен ресторанот.

 

Полицијата објави дека две тела се пронајдени под урнатините, а уште шест луѓе се во критична состојба, по експлозијата во дел од градот во којшто живеат студенти. Уште две згради се оштетени, а од шест е наредена евакуација на жителите. Во акцијата на пребарување на урнатините се вклучени и кучиња.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи