Србија го победи Исланд, сепак потребна им е услуга од Шведска за пласман во наредна фаза

Facebook
Twitter
Email
Print

Српската ракометна репрезентација го одигра најдобриот натпревар на ЕП во Хрватска и заслужено го победи Исланд со 29:26 во последното коло од првата фаза.

 

На Србите им беше неопходна победа од најмалку четири погодоци за да бидат сигурни во пласманот во следната рунда, па сега за да дојдат до третото место неопходно ќе им биде Шведска во последниот меч од групата да не загуби од домаќинот Хрватска.

 

Ако Шведска загуби, во круг од три селекции со по една победа, Србија би била најслаба во конкуренција на Шведска и Исланд. Швеѓаните ги победија популарните „орли“ со 30:25 и се сигурни за вториот круг, без разлика дали ќе загубат од Хрватите.

 

Исланд беше подобар од Шведска со триумф од 26:24 и имаат минус од еден гол во кругот на трите селекции. Шведска е со плус три голови, а Србија е со минус два, што би бил најлош количник.

 

Во меч од Б групата Франција рутиснки ја победи Белорусија и освои максимален број на бодови, шест. Триколорите славеа со 32:25, а и Белорусите се блиску до пласман во следната фаза, ако Норвешка не загуби од Австрија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи