Ивановиќ : Луѓето во Косовска Митровица се плашат од Србите, а не од Албанците

Facebook
Twitter
Email
Print

„Да се разбереме: тие луѓе не се плашат од Албанците, туку од Србите, локалните кабадахии и криминалците што се возат во џипови без таблички. Дрога се продава на секој агол, секој родител стравува поради тоа. Го имаше тоа и претходно, но не во олкав обем и тие луѓе не се однесува арогантно како сега. Полицијата сето тоа го гледа и не реагира, па граѓаните се чувствуваат незаштитено“, ова неодамна во своето последно интервју за неделникот „Време“ го истакна претседателот на СДП, Оливер Ивановиќ, кој беше убиен вчераутро. Ивановиќ тогаш нагласи дека ситуацијата на Косово се влошила од неговото апсење и дека постои неверојатно чувство на загрозеност и страв кај луѓето.

 

„Од стотина луѓе со кои зборував во текот на првите неколку недели на слобода, нема ниеден што во првите пар реченици не го постави прашањето на безбедноста. Да се разбереме: тие луѓе не се плашат од Албанците, туку од Србите, локалните кабадахии и криминалците што се возат во џипови без таблички. Дрога се продава на секој агол, секој родител стравува поради тоа. Го имаше тоа и претходно, но не во олкав обем и тие луѓе не се однесува арогантно како сега. Полицијата сето тоа го гледа и не реагира, па граѓаните се чувствуваат незаштитено, иако во косовската полиција на северот сè се наши луѓе, Срби. Некои од нив се искусни полицајци што претходно работеле за МУП на Србија, но ни тие не прават ништо. Чисто за илустрација, во последните неколку години во Митровица имавме над педесет случаи на палење автомобили, фрлања рачни бомби и две нерешени убиства. Сето ова се случува на територија од два и пол квадратни километри, која е целосно покриена со безбедносни камери. Очигледно дека полицијата се плаши да се замери со сторителите, или сторителите се вмрежани со безбедносните структури. Некои велат дека полицијата едноставно е неспособна, но тешко ми е да поверувам во тоа. Мислам, тие се неспособни, ама не до толку“, рече тогаш Ивановиќ.

 

Исто така неодамна Ивановиќ за „Срна“ изјави дека се плаши од можен атентат. Како што рече тогаш, безбедноста во северниот дел на Косовска Митровица е многу лоша.

 

„Се плашам дека во оваа нестабилна ситуација може да настрада некој невин, но морам да признаам дека и самиот се плашам за својата безбедност“, рече Ивановиќ за Срна во петокот на 12 јануари, за време на посетата на Косово на дописникот на Срна и на претседателот на бањалучкиот одбор за помош на Србите на Косово и Метохија, Милорад Арлов.

 

Ивановиќ тогаш оцени дека тоа што планира да формира политичка партија веројатно ќе им пречи на поединци и додаде дека во неколку наврати во последниов период ги предупредувал своите соговорници – домашните и меѓународните претставници, дека е загрижувачка состојбата на северот на Косово, особено во северна Косовска Митровица.

 

„Се надевам дека одговорните ќе ги сфатат нашите предупредувања“, рече Ивановиќ.

 

Сопругата на Ивановиќ, Милена, тогаш исто така изрази загриженост за безбедноста на Оливер. „Сè ни направија, единствено уште еден по еден да нè убиваат“, додаде Милена Ивановиќ.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи