Финансиски фер-плеј 2.0: УЕФА им се спротивставува на богатите

УЕФА подготвува нови промени со цел да воведе ред на трансфер пазарот, каде започнаа да се вртат оргомни пари. Од Европската фудбалска унија најавија дека на состанокот кој е закажан за 24.мај ќе се расправа околу „фер-плеј 2.0“,  документ од 100 страни.

 

Очигледно е дека постоечкиот Финансиски фер-плеј не функционира како што сакаа челниците на УЕФА, бидејќи големите заработуваат многу и трошат многу, додека оние помалите заработуваат помалку и нормално трошат помалку.

 

Според новите правила кои сака да ги воводе УЕФА, ако еден клуб сака во преодниот рок да потроши 200 милиони евра, ќе мора да да продаде фудбалери за минимум од 100 милиони евра. Куќата на фудбалот сака да ја ограничи разликата помеѓу купувањето на фудбалери и продавањето. Нормално оваа идеја ќе мине низ неколку фази на анализа за да се донесе конечна одлука околу новиот Финансиски фер-плеј.

 

Второто правило кое УЕФА сака да го воведе е клубовите да бидат ограничени на само 25 професионални фудбалери. Ова ќе биде голем удар за гигантите, кои имаат и до 50 фудбалери како професионалци на својот платен список.

 

Она што барем засега е нејасно е како УЕФА ќе се справи со ткн. позајмици со обврска истиот играч потоа да биде откупен.

 

Со оваа мерка би се ограничиле клубовите кои се спонзориарни од држави, како ПСЖ и Манчестер Сити, чии Шеици не штедат пари во потрагата по успех.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.