Турските воени сили зазеле 11 позиции на курдите, воспоставиле и воена база

Facebook
Twitter
Email
Print

Турските воени сили зазеле 11 позиции на сириските Курди во провинцијата Африн и воспоставиле воена база за продолжување на операцијата „Маслинова гранка“, пренесуваат турските медиуми.

 

Војската заедно со припадниците на опозициската „Слободна војска на Сирија“ зазеле вкупно 11 села и навлегоа во провинцијата Африн од нејзината северна, северозападна и западна страна. Навлегувањето на турската војска во Африн следеше откако Турција почна со воздушни напади во тој регион врз сили на курдските „Сили за заштита на народот“, кои имаат поддршка од САД.

 

Претседаелот на Турција, Реџеп Таип Ердоган порача дека турские сили за брзо време ќе ја завршат операцијата во Африн, истакнувајќи дека неговата земја е решена таа област да ја исчисти од “YPG” – курдска единица за самоодбрана која што за турските власти е тероритичка организација.

 

„ПКК кога и да излезете, знајте го ова. Нашите безбедносни сили ќе ви бидат зад петици. Ќе почнеме национална операција. Не можете да не напаѓате однатре. Ќе ве лоцираме. Муслиманите се молат, дури и во Африка. Не сме сами, Алах  е со нас“, изјави Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција.

 

Турскиот премиер Бинали Јилдирим предупреди дека сите кои што ќе им помагаат на курдските борци во Африн ќе станат мета на турската армија.

 

Јилдирим откри дека Турција има намера да создаде безбедносна зона од 30 километри долж границата со Сирија во провинцијата Африн и да ѝ овозможи на Слободната сириска армија која што ја поддржува Анкара на тоа подрачје да обезбеди контрола на над 10 илјади квадратни километри територија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи