Кинеските работници уште еднаш ги демонстрираа своите неверојатни способности. Околу 1.500 работници за само 9 часа ги постави пругите за нова железничка станица во провинцијата Фуџијан.
Изградбата почнала на 19 јануари навечер, а завршена е девет часа покасно, во раните утрински часови на 20 јануари. За тоа време била поставена и потребната сигнализација и сета опрема за надгледување на состојбата на пругата. За целото време работниците биле поделени во седум единици за да може секоја од нив да работи непречено во својот сектор.
Во неверојатниот потфат, како што наведува Синхуа, учествувале 1500 работници, седум возови и 23 багери.
Целата железничка линија ќе биде долга 250 километри, а ќе ги поврзува централниот и југоисточниот дел на Кина. Се очекува да биде готова до крајот на 2018, а возовите по неа ќе достигнуваат брзина до 200 километри на час.