По неколкудневни ерупции, утрово најактивниот вулкан на Филипините, Мајон, исфрли лава до 600 метри висина. Лавата направила облак од пепел висок и до пет километри.
Бројот на евакуирани луѓе поради ерупцијата денеска е зголемен на повеќе од 61.000, соопшти Агенцијата за катастрофи на Филипини. Вулканолозите во понеделникот предупредија за престоечка опасна ерупција во текот на следните денови, а зоната за забрана е проширена од шест километри од кратерот на девет километри, принудувајќи ги локалните власти да наредат понатамошни евакуации додека пепелта врне врз населбите.
„Ако ја погледнеме историјата на неговите ерупции (на Мајон), ќе бидат потребни три до четири месеци пред да можеме да ги испратиме луѓето назад во нивните домови“, рече Риверо.
Во сила останува вонредната состојба, само еден степен од највисокото ниво пет, по петте епизоди интензивен, но спорадични исфрлувања на лава од кратерот во последните 19 часа.
Поради вулканот, не работат училиштата во 17 градови и општини, а откажани се и околу 50 летови.
WATCH: Fountain of lava spewing from the Philippines’ #mayonvolcano this morning, with ash rising 5km above the crater (?: APTN) https://t.co/sZhM9OZKAN pic.twitter.com/qmMreIgop8
— Channel NewsAsia (@ChannelNewsAsia) January 24, 2018