Мегленски се врати во Победа-ќе биде прв помошник на Бубања

Пред почетокот на денешниот тренинг идниот претседател Небојша Стојковиќ и Спортскиот директор Јане Николоски на фудбалерите на Победа им го преставија новиот член на Стручниот штаб – Тони Мегленски. Мегленски по една година се враќа во клубот каде помина најголем дел од својата кариера, а му остана верен и во најтешките моменти и се натпреваруваше во Третата лига.

 

Како капитен ја предводеше Победа на патот кон враќањето во Првата лига подигнувајќи ги пехарите за освоеното 1-во место и во Третата и во Втората лига.

 

„Со задоволство ја прифатив понудата која не можев да ја одбијам да помогнам на Победа. И во минатото секогаш сум бил со клубот и сум помагал во неговите најтешки денови. Ќе бидам на располагање со сето мое знаење и искуство да помогнам, иако постои можност за интернационален тренерски ангажман“, вели Мегленски.

 

 


Мегленски со Победа беше шампион на Македонија 2003-2004 и 2006-2007 и победник во Купот на Македонија во сезоната 2001-2002. За Победа одиграл над 250 првенствени натпревари а постигнал 23 голови. Има и 3 настапи за сениорската А репрезентација на Македонијаво кфалификациски и 8 во пријателски натпревари.

 


Мегленски поседува А тренерска лиценца стекната со практично и теоретско полагање пред стручните лица на Центарот за едукација при ФФМ. Со своето богато искуство и авторитет несомнено ќе го подигне нивото на квалитетната стручна работа со екипата. 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien