Пожар во болница во Јужна Кореја – најмалку 40 лица загинати, 100 повредени

Јужна Кореја е во шок откако пожар зафати цела болница, каде животот го загубија најмалку 40 лица, а повеќе од 100 се повредени. Локалните пожарникари за жал очекуваат бројката на загинати во текот на денот да се зголемува. Причините за трагичниот пожар се уште се непознати.

 

„Засега не е познато што го предизвикало пожарот, а ситуацијата да биде полоша, во болницата немало инсталирани противпожарни прскалки“, се вели во соопштението на шефот на пожарникарите Чои Ман-Ву.

 

Пожарот се случил на првиот кат во јужнокорејската  болница Седжонг,  во соба за итни случаи на одделението за кардиологија. Введнаш по избувнувањето на пожарот од болницата се евакуирани над 200 пациенти и здравствен персонал, а најголем број жртви досега имало на првиот и вториот спрат.

 

Надлежните стравуваат дека пожарот би можел да земе повеќе човечки животи. Претседателот  Мин Џае Ин, веднаш по трагичниот настан  свикал итен состанок со најблиските соработници и ја повикал владата да ги преземе сите неопходни мерки за да им се помогне на загрозените. Претходно јужно корејскиот премиер Ли Нак Јеонг наложи да се употреби целата опрема и персонал  за гасење на пожарот и поинтензивно пребарување на целата болница со цел да се спасат што е можно повеќе човечки животи.

Пожарот во Мирјанг доаѓа само еден месец откако огнена стихија однесе 29 животи во осумкатница во центарот на градот Јачеон.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien