Венгер го договори Обамејанг

Facebook
Twitter
Email
Print

Арсенал и Борусија Дортмунд постигнаа договор за купопродажба на Пјер Емерик Обамејанг. Репрезентативецот на Габон и дефинитивно ја напушта Бундеслигата и продолжува во Лондон како најплатен фудбалер на „топчиите“.

 

Менаџерот Арсен Венгер, како што пренесуваат медиумите од Островот, го одврза ќесето и на напаѓачот му понуди 180.000 фунти неделна плата за договор со важност до јуни во 2021 година. Плус, се разбира, 55,4 милиони како отштета за „милионерите“.

 

Францускиот менаџер на Арсенал со овој потег ги демантира сомнежите и неверувањата дека може да ангажира најбаран играч во преоден рок и докажа дека клубот од „Емирати“ е привлечен и за најголемите ѕвезди на европскиот и светски фудбал.

 

За реализација на трансферот на Обамејанг во Лондон постоеше можност во спротивен правец да замине Оливие Жиру, но сонародникот на Венгер одби да замине на „Сигнал Идуна Парк“. Напаѓачот на „топчиите“, сепак, би можел да смени средина до крајот на јануарскиот преоден рок и да се придружи на Челзи за 35 милиони фунти.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи