Голема снежна бура и екстремни временски услови во Кина натераа илјадници луѓе на евакуација и предизвикаа хаос во сообраќајот во централна и источна Кина.
Од екстемните временски услови најтешко е погодена источната провинција Анхуи, а во градот Генхе е измерена температура од минус 49 степени Целзиусови. Над 4000 илјади луѓе се евакуирани по низата снежни бури кои ги оштетија нивните домови во оваа кинеска провинција. Бурата влијаеше врз приближно 481.000 луѓе.
Поради невремето за сообраќај се затворени над 30 автопати во централните делови на Кина, пред се во провницијата Хубеј. Аеродромот во админстративниот центар на покраината Хунан, Лангшау од вчера е затворен за сообраќај поради мразот од два сантиметри формиран на пистата, додека во Јангсу се откажани над 10.000 железнички и 420 автобуски линии.
Во најзагрозените региони се упатни спасувачки екипи, а за евакуација на жителите се ангажирани авиони и возови.