Прилепскиот џудо ветеран Киро Здравески на средба со јапонската амбасадорка

Претставникот од Џудо Клубот „Сеишин“ од Прилеп, Киро Здравески, кој воедно е и претседател на иницијативниот одбор на Џудо Ветерани беше на прием во Амбасадата на Јапонија и оствари средба со Амбасадорката на Јапонија, Нејзината Екселенција, Кеико Ханеда.

 

„На средбата беа евоцирани заедничките импресии од нејзината посета во Прилеп на Меѓународниот турнир Прилеп Град Херој 2017 во Октомври 2017. Исто така Здравески лично ја запозна амбасадорката за активностите на клубот во 2018 година како и за подготовките за Традиционалниот турнир во организација на клубот Сеишин во Октомври 2018 година. Беше разгледана можноста од евентуална соработка во иднина како и присуство на џудусти и стручни лица од Јапонија на турнирот, но и одржување заеднички семинари. На крајот од средбата беше упатена покана до амбасадорката за нејзино присуство и гостување во Прилеп на еден од редовните тренинзи на клубот Сеишин. Во знак на пријателство и сеќавање на амбасадорката и беше врачена почесна фотографија со членовите на Сеишин од Турнирот во Прилеп“, велат од џудо клубот Сеишин од Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи