Се самоуби осомничениот за бомбашките напади во Тексас

Facebook
Twitter
Email
Print

Човекот осомничен за серијата бомбашки напади во Тексас се разнел активирајќи екплозивна направа во својот автомобил во близина на автопат, соопшти полицијата во Остин. Две лица беа убиени во пет експлозии на пакет- бомби кои овој месец се случија во таа американска држава.

 

Американските власти објавија вчера дека се сомневаат оти бомбата што експлодира во магацин на „Федекс“ во Тексас е поврзана со низата експлозии во таа сојузна држава. Пакетот, кој содржел шајки и шрапнели, експлодирал кратко по полноќ по локално време, при што еден од вработените се здобил со повреди, пренесува „Ројтерс“.

 

“Се сомневаме дека тоа е поврзано со нашата истрага”, рекла портпаролката на ФБИ, Мишел Ли.

 

Вчерашната беше петта експлозија на бомба во Тексас овој месец. Во претходните експлозии загинаа две лица, а четири беа повредени.  Првите три бомби експлодирале кога жртвите се обиделе да ги соберат пакетите.

 

Градоначалникот на Остин, Стив Адлер, денес изјавил дека стравот кај жителите на градот е “легитимен и реален”.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи