БК „АС“ од Прилеп продолжува со успесите 4 победи во второто коло од бокс лигата на Македонија

Вчера во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип се одржа второто коло на бокс лигата на Македонија. Боксерскиот клуб „АС“ од Прилеп под водство на тренерите Ѓорѓи и Дарко Чатлески учествуваше со 5 боксери. На ова коло БК „АС“ Прилеп издвојуваше 4 победи и еден пораз.

 

 

Резултати :

 

 

Категорија деца :

 

 

-51 кг. Мартин Алексоски БК „АС“ против Рузѓан Асановски БК „Борец Велес“  –  2:1

 

 

Категорија кадети :

 

-51 кг. Дамјан Талимче БК „АС“ против Екес Асанов БК „Баргала“ Штип   –  0:3

 

-63 кг. Трајче Илиоски БК „АС“  против Алпај Демиров БК „Баргала“ Штип    –  2:1

 

-75 кг. Бојан Станојоски БК „АС“ против Никола Шипинкоски БК „Алексо Огненоски“ Охрид   –  3:0 ТКО 1 рунда

 

 

 

Категорија кадети:

 

-75 кг. Менан Амедоски БК „АС“ против Ристе Ристов БК „Пинк Пантер“ Штип  –  3:0 ТКО 1 рунда.

 

 

Куриозитет е да се напомене и тоа дека за прв пат во македонскиот бокс имаме и прилепски национален судија Стојанчо Ѓорѓиоски кој успешно го положи судискиот испит и дебитираше во Штип.

 

 

 

Претходно на 18 март се одржа првото коло од бокс лигата на Р. Македонија во организација на Боксерската Федерација на Македонија и боксерскиот клуб „Пелистер“ од Битола. Настанот се одржа во салата „Младост“ во Битола, на кој присуствуваа над 2.000 посетители.

 

Боксерскиот клуб „АС“ Прилеп учествуваше со 2 боксери. Во кадетска конкуренција Трајче Илиоски до 63 кг. кој славеше во првата рунда со ТКО против Ибрахим Алија од Бк „Шкендија бокс“ Тетово, а Димитар Тасески од Бк „АС“ Прилеп загуби од Борче Иваноски Бк „Тигар“ Делчево.

 

Со овој резултат Трајче Илиоски се пласира во редовите на кадетската боксерска репрезентација од кои оваа година му престојат настапи на повеќе интернационални турнири и европското првенство што ќе се одржи во Русија во месец октомври.

 

 

Третото коло од бокс лигата на Македонија ќе се одржи во Делчево во месец април.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи