Жестоки критки за „Гаучосите“ по дебаклот со Шпанија

Facebook
Twitter
Email
Print

Шпанија синоќа на стадионот на Атлетико Мадрид „Ванда Метрополитано“ ја прегази Аргентина со 6:1 и го повтори најтешкиот пораз на „Гаучосите“ во историјата, кои играа без најдобриот играч Лионел Меси.

 

По натпреварот своето незадоволство не го криеше селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли.

 

„Мораме да преземеме контрола над натпреварите, вакво нешто не смее да ни се случи на Светското првенство. Шпанците не прегазија, мораме да продолжиме со својата работа. Ќе морам да го анализирам натпреварот и да одлучам, целта е повеќе да се браниме со топката во нозете, бевме ранливи во дефанзивата“, заклучи селекторот на Аргентина.

 

Гаучосите жестоки критики добија и од своите сонародници. Легендарниот Марио Кемпес кој во 1978 година го освои Светското првенство со оваа селекција истакна дека оваа репрезентација не личи на тим.

 

„Не знам што е ова. Како група од 11 странци кои прв пат се среќаваат, тие не личат на тим. Првото полувреме и не беше така лошо, но второто беше целосна катастрофа. Меси не играл, па што? Тој е најдобар, но мора да се игра и без него. Нас ни треба тим, не може Меси да биди голман, дефанзивец и крило…Не ми е јасен ниту Игуаин кој во репрезентацијата никогаш не игра како во Јувентус. Не знам зошто Икарди не е во нашиот тим. Играше добро против Ургувај, потребен ни е таков играч“, критикуваше Кемпес.

 

Хорхе Валдано пак смета дека единствен кој може да ја спаси оваа репрезентација е Меси.

 

„По поразот од 6-1, репрезентацијата мора да работи уште многу, но и да размислува. Резултатот беше ужасен и тоа што се случи на теренот е катастрофално. Ние не смееме да губиме такви натпревари. Единствен кој може да ги спаси Аргентинците е Меси“, вели Валдано.

 

Светскиот вицешампион ќе игра во група Д со Хрватска, Исланд и Нигерија на Мундијалот во Русија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи