Абрамович го сака Зидан во Челзи

Facebook
Twitter
Email
Print
Не поминаа ниту 24 часа откако го напушти Реал Мадрид, Зинедин Зидан веќе има понуда за работа. Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович му ја понудил работата на Антонио Конте на чело на клубот од „Стемфорд Бриџ“.
Британските медиуми пишуваат дека Абрамович ги прекинал преговорите со италијанскиот стратег и поранешен тренер на Наполи, Маурицио Сари, поради изненадувачкото заминување на Зидан од „кралскиот“ клуб по третата последователна титула во Лигата на шампионите.
Конте е пред отказ поради променливите резултати од минатата сезона. Абрамович сака негов наследник да биде легендарниот Французин, иако практично се договорил со Сари, кој сега е втора опција.
Сепак, прашање е дали Зидан е подготвен да пристигне во турбулентниот Челзи, особено затоа што сака пауза по периодот поминат на „Сантијаго Бернабеу“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи