Покетино се изјасни за шпекулациите поврзани со Реал Мадрид

Facebook
Twitter
Email
Print

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино е главната желба на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и најголемиот фаворит за преземање на клупата на „Кралскиот“ Клуб, откако Зинедин Зидан во текот на вчерашниот ден најави дека заминува од Мадрид.

 

Маурисио Покетино денеска во Барселона ја промовираше својата автобиографска книга, па медиумите го искористија овој настан за да го запрашаат за шпекулациите кои кружат.

 

„Живеам во сегашноста, ништо не е поважно од ова. Уживам во работите кои се случуваат, и она што треба да се случи ќе се случи. Оставам фудбалот да ме води, не инсистирам да ја променам сопствената судбина”,  рече Покетино.

 

Покетино минатата недела потпиша нов договор со Тотенхем до 2023 година за годишна плата од 8,5 милиони фунти, а Тајмс тврди дека во новиот договор нема ослободувачка клаузула. Затоа „петлите“ ќе инсистираат на целата сума на договорот на менаџерот за да го пуштат во Реал, а тоа е околу 42,5 милиони фунти.

 

Од Тотенхем се убедени дека ќе успеат да го задржат младиот специјалист во тимот поради неговата желба да изгради млад тим кој ќе доминира во Европа. Исто така, од новата сезона клубот ќе се премести на нов модерен стадион, а при продолжувањето на договорот, Покетино добил уверување и за поголем трансфер буџет.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи