Бомбаш самоубиец се разнесе на верски состанок на кој беа забранети самоубиствените напади

При експлозија на бомба во близина на местото на одржување на состанокот на Советот Улема на кој самоубиствените бомбашки напади беа прогласени за забранети, загинаа најмалку осум лица,  соопшти полицијата во Кабул.

 

Состанокот на авганистанскиот Совет Улема се одржувал во шатор во западниот дел од Кабул, каде свештениците се собрале за да го осудат тероризмот и да повикаат на примирје.

 

Како што пренесува АП, бомбашот самоубиец ја активирал експлозивната направа недалеку од влезот на шаторот во моментот кога истиот завршил, а учесниците почнале да излегуваат.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.