Голден Стејт повторно го победи Кливленд, Кари со рекорден број на „тројки“

Тимот на Голден Стејт го победи Кливленд со 122-103 во вториот финален натпревар во НБА и поведе со 2:0 серијата на меѓусебни натпревари.

 

За разлика од првиот меч, каде имаше ривалство и дополнително време, второто финале беше целосна доминација на актуелниот шампион, Голден Стејт.

 

Домаќините беа предводени од фантастичниот Стеф Кари, кој погоди девет тројки, рекорд за натпревар од финале во НБА. Плејмејкерот мечот го заврши со 33 поени. Голема помош имаше и од Кевин Дудант, кој реализираше 26 поени, а Томпсон, кој беше под знак прашалник поради повреда, сепак истрча на паркетот и забележа 20 поени.

 

На спротивната стрна, Леброн Џејмс откако постигна 51 поен на првиот меч, вечерва немаше сили за ново чудо и мечот го заврши на чекор до трипл-дабл учинок од 29 поени, 13 асистенции и 9 скокови. Одново вистинска помош имаше само од Лав, кој мечот го заврши со 22 поени.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien