Лерој Сане не доби повик за СП 2018

Селекторот на германската репрезентација, Јоаким Лев, прилично ја изненади јавноста со списокот за Светското првенство во Русија, со тоа што повик не доби фудбалерот на Манчестер Сити, Лерој Сане, иако Сане имаше извонредна сезона на „Етихад“.

 

Сане отпадна бидејќи предност во германската репрезентација добија Јулијан Дрекслер, Марко Ројс, јулијан Бранд и Леон Горецка.

 

Покрај фудбалерот кој беше една од главните алки на Манчестер Сити за освојување на шампионската титула во Премиер лигата, Лев од списокот за СП ги избриша и голманот на Баер Леверкузен, Бернд Лено, неговиот соиграч Џонатан Сахо и напаѓачот на Фрајбург, Нилс Петерсен.

 

Ова е конечниот список на Јоаким Лев на играчи со кои репрезентацијата на Германија ќе се натпреварува на Светското првенство во Русија:

 

Голмани: Мануел Ноер, Тер Штеген и Кевин Трап.

Одбрана: Марвин Платенхарт, Јонас Хектор, Матијас Гинтер, Матс Хумелс, Николас Зуле, Антонио Ридигер, Џером Боатенг и Џошуа Кимих.

Средина: Сами Кедира, Себастијан Руди, Месут Озил, Тони Крос и Илкај Гундоган.

Напад: Дракслер, Ројс, Томас Милер, Горецка, Жулијан Брант, Тимо Вернер и Марио Гомез.

 

Германија на Мундијалот ќе се натпреварува во групата Ф заедно со Мексико, Шведска и Јужна Кореја.

 

Светското првенство е на програмата од 14 јуни до 15 јули.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien