Хари Кејн е најскап фудбалер во светот!

Фудбалската опсерваторија „ЦИЕС“ објави дека најскап фудбалер во моментов е англискиот интернационалец и фудбалер на Тотнем, Хари Кејн, кој е проценет на 201,2 милиони евра, пред два фудбалери на ПСЖ, Нејмар и Килијан Мбапе. Во моментов Бразилецот вреди 197,5 милиони, а Мбапе 186,5 милиони.

 

Веднаш зад нив следуваат Лионел Меси со 184,2 милиони, Мохамед Салах со  171,3 милиони, Антоан Гризман со 164,5, а во топ десет се уште и Деле Али (171), Кевин де Брајне (167,2), Пауло Дибала (164,2) и Ромелу Лукаку со вредност од 163,4 милиони евра.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien