Саудиска Арабија ги издаде првите возачки дозволи за жени

Саудиска Арабија ги издаде првите возачки дозволи за 10 жени, во време кога во земјата течат подготовките за укинување на забраната за управување на возило од страна на жени, што треба да се случи на 24 јуни.

 

Властите очекуваат дека во наредната недела уште 2.000 жени ќе аплицираат за добивање возачка дозвола.

 

Агенцијата АП сепак оценува дека тоа е изненадувачки потег, бидејќи уследи во време кога четири саудиски активистки за женски права кои водеа кампања на жените да им се даде право да возат, се наоѓаат во затвор.

 

Саудиска Арабија е позната како земја во која има многу ограничувања за жените, каде мешањето со спротивниот пол на јавни места е забрането и жените мораат да бараат дозвола од мажите за повеќето активности. Но, кралството реши дека ќе ги олесни рестрикциите за жените кога е во прашање образованието и пристапот на јавни места како што се спортските стадиони или киносалите.

 

Иако ова е голем чекор напред, сепак голем број корисници на социјалните мрежи се огласија и го осудија овој потег како „пропаганда“ и лажен потег на милост кон жените од оваа земја.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien