ВИДЕО – Утре започнува 53-тиот по ред театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Утре започнува 53-тото издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“.  Фестивалот ќе го отвори „Ничија земја“ на МНТ. Според уметничкиот директор на фестивалот Катарина Хаџи Василева Коцевска публиката ќе имала можност да погледне 12 претстави во официјалната конкуренција и 5 претстави во придружната програма. Исто ќе имало и 2 многу интересни трибини.

 

 

„Едната трибина е наменета за критиката, зошто ја нема или ја има малку и другата трибина ќе биде за употребливоста и колку се искориистени драматурзите во сите театари во Македонија. Знам дека речиси се исполнети сите претставии, нема билети, затоа што Прилеп има една фантастична публика која сака да гледа театар, која знае да гледа театар и се надевам дека најискрено ќе уживаат цело време додека трае фестивалот“, истакна Хаџи Василева Коцевска.

 

Според неа на овој 53-ти по ред фестивал ќе имало многу интересни претстави со познати актери, со нови актери и нови елементи.

 

„Театарот е нешто кое постои со векови и се надевам дека ќе опстои и во наредниот период. Секогаш се менува, расте, има нови енергии, нови актери и стари актери и таа енергија која постои на сцената таа жива енергија поради која публиката и понатаму доаѓа во театар е нешто кое што е фасцинантно и го одржува театарот“, додава Хаџи Василева Коцевска.

 

 

Претстави во селекција на 53-тииот Македонски Театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“

 

 

  1. Клетници – Виктор Игро, режија Мартин Кочовски – Театар Војдан Чернодрински, Прилеп

 

  1. Жените – Роберт Томас, режија Ќендрим Ријани – Албански театар Скопје

 

  1. Ничија земја – Данис Тановиќ, режија Александар Морфов – Македонски народен театар – Скопје

 

  1. Бог на масакрот – Јасмина Реза, режија Нела Витошевиќ – НУЦК Ацо Шопов, Штип

 

  1. Крал Лир – Вилијам Шекспир, режија Диего де Бреа – Турски театар – Скопје

 

  1. Ужегнатост – Иван Вискочил, режија Владимир Милчин – независна театарска груша Артопиа

 

  1. Дони Дарк – Леонард Герш, режија Роберт Ристов – Театар комедија – Скопје

 

  1. Царот Владислав – Борис Јанков, режија Бранко Ставрев – НУЦК Антон Панов – Струмица

 

  1. Лет над кукавичјото гнездо – Дејл Васерман и Кен Киси, режија Ристо Алексовски – Драмски театар Скопје

 

  1. Еднаш свет изградив – по романот на Сидарта од Херман Хесе, текст и режија Јане Спасиќ – театар за деца и младинци – Скопје

 

  1. Тоалет за дами – Родолфо Сантана, режија Дејан Дамјановски – театар Јордан Х.К. Џинот – Велес

 

  1. Доктор Фауст – Кристофер Марлоу ( и авторски текстови на режисерот, драматургот и актерската екипа), режија Андраш Урбан – Народен театар Битола

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien