Путин: Третата светска војна би имала најпогубно влијание врз човештвото

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека Трета светска војна би била крај за цивилизацијата. Тој, цитирајќи го Алберт Ајнштајн, не знае со какви оружја ќе се води Третата светска војна, но Четвртата би се водела со палки и камења.

 

„Свеста дека нова светска војна може да значи крај на цивилизацијата мора да нè држи подалеку од глобален конфликт“, рекол тој.

 

Тој смета дека евентуална Трета светска војна би имала најпогубно влијание врз човештвото.

 

„Немаше глобални судири бидејќи во светот има стратешки паритет. Без оглед колку тоа звучи непријатно – стравот од меѓусебно уништување ги спречувал и присилувал воените сили меѓусебно да се почитуваат“, нагласи Путин.

 

Тој вели дека е време да се седне на преговарачка маса и да се направи модерна шема на европската и меѓународна безбедност.

 

Рускиот претседател денеска држи годишна телевизиска „директна линија“ со граѓаните. Во прашање е 16. „Директна линија“ на Путин која во неколку работи се разликува од досегашните. Прашањата не се поставувани само по телефон туку и преку интерактивни екрани во студиото, односно со СМС порака, преку сајт или специјална мобилна апликација, преку руските социјални мрежи Vkontakte и Odnoklasniki, во пишана форма или видеообраќање.

 

На претседателската адреса стигнаа речиси 2 милиони прашања. Рекордот на „директна линија“ е во 2013 година кога Путин одговараше 4 часа и 48 минути. Лани одговараше 3 часа и 56 минути.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.