Роналдо одлучи, заминува од Реал

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо веќе го одиграл својот последен натпревар за „белите“, пишува на насловната страна португалскиот весник „Рекорд“.

 

Според публикацијата, одлуката е донесена и е „неповратна“.

 

„Мотивот е неуспехот на Флорентино Перез да го одржи ветувањето“, објави весникот.

 

Првиот човек на Реал Мадрид му ветил на Роналдо дека платата од 21 милиони евра годишно ќе му биде зголемена на 30 милиони евра годишно, што не било исполнето. Роналдо пред извесен период потпиша договор со Реал Мадрид до 2021 година, но по новите договори на Нејмар и Меси, побарал покачување.

 

Незадоволство на ликот на фудбалерот на „кралевите“ можеше да се забележи и по финалето во Лигата на шампионите, кога пред новинарите истакна дека „било убаво да се игра за Реал Мадрид“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien