Усвоени нови промени во Формула 1

Меѓународната автомогилистичка федерација денеска ги потврди промените во правилата за натпреварување во шампионатот во Ф-1.

 

Според нив ќе бидат овозможени конструкциски промени на болидите, а со тоа возачите ќе бидат во можност да претекнуваат полесно.

 

Кај сегашните автомобили претекнувањето е отежнато ако болидите лесно губат на брзина поради воздушните турбуленции кои ги прават болидите кои се обидуваат да претекнат, а втор отежнувачки фактор е брзото прегрејување на гумите.

 

Во календарот за 2019г. за првпат е вклучена трка во Саудиска Арабтија под услов патеката во Ад Диријах да ги задоволи критериумите за хомологација. Во календарот би требало да се најдат и трки во Цирих и Монако, а сезоната ќе заврши на 13 и 14 јули во Њујорк.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.