Стотици деца од Венецуела жртви на детски труд во Колумбија

Во кампањата за искоренување на детскиот труд во Колумбија во изминатите три месеци откриени се речиси пет илјади случаи на деца кои биле експлоатирани, вклучително и стотици од економски погодената Венецуела, соопшти колумбиската Влада.

 

Проценките се дека околу 850 илјади деца на возраст од 5 до 17 години работат, а не одат во училиште целосно или воопшто.

 

Од пет илјади случаи на детски труд, откриени од владини мобилни единици, повеќе од третина биле на земјоделски имоти и на улици, додека дел се пријавени преку бесплатна телефонска линија, соопштија од Колумбиската агенција за заштита на децата. Според законите во Колумбија, деца до 15 годишна возраст не смеат да работат.

 

Агенцијата тврди дека од март 350 деца од Венецуела биле жртви на детски труд во Колумбија особено во покраини кои се во близина на границата со Венецуела.

 

Според властите, во Колумбија од 2015 година, илегалано и легално, преминале околу 672 илјади Венецуелци, бегајќи од економските превирања и сериозниот недостиг на лекови и храна.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.