Џ.К. „Сеишин“ организира тридневен Меѓународен џудо Камп-Семинар „ПРИЛЕП-2018“

Џудо Клубот СЕИШИН- Прилеп во периодот од 15.06.2018 до 17.06.2018 година во соработка со Џудо Клуб „Џунс“ Нови Сад Р.Србија организира тридневен Меѓународен џудо Камп-Семинар за помлади пионери-ки и пионери-ки, „ПРИЛЕП-2018“.

 

Како предводници на овој Семинар покрај стручниот тим тренери од „Сеишин“ ќе бидат и Проф. д-р Славко Обадов 9 Дан-степен, тренер на ЏК „Џунс“ Нови Сад, претседател на ДАН Комисија при Џудо Федерацијата на Р.Србија и поранешен носител на Олимписки медал во џудо и Мирољуб Ничиќ 6 Дан степен претседател на ЏК „Џунс“ Нови Сад и актуелен Претседател на Џудо Сојузот на Војводина Р. Србија.

 

На овој камп покрај џудистите членови на домаќинот Сеишин и гостите од „Џунс“, учество ќе земат џудисти уште од 10 клубови од Македонија. Камп-Семинарот ќе се одржи во спортската сала на ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.