Земјотрес од 6,1 степени во Јапонија, најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а над 200 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер кој ја погоди Осака и други делови на западот од Јапонија, соопшти јапонската метеоролошка агенција.

 

Една од жртвите е деветгодишно девојче што било соборено од бетонски ѕид во нејзиното основно училиште. Еден човек на 80-тина години загинал во уривање на бетонски ѕид во градот Осака. 84-годишен маж во околниот Ибараки загинал откако врз него дома паднала полица за книги, според градските власти.

 

Земјотресот се случил околу 8 часот по локално време, а предизвикал прекин на електричната енергија и водоснабдувањето, како и значителна материјална штета.

 

Ова е најјакиот земјотрес кој го погодил тој дел од Јапонија од 1923 година.

 

Поради земјотресот, привремено се затворени аеродромите Кансаи и Кобе.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien