Деле Али се повреди, неизвесен е неговиот настап на наредните натпревари

Репрезентативецот на Англија, Деле Али го напушти натпреварот против Тунис во 80. минута, кога на негово место влезе Рубен Лофтус-Чик, а причина беше повреда, потврдуваат од англиската репрезентација.

 

Засега не се знае колку е сериозна повредата, но Али го пропушти денешниот тренинг за да оди на прегледи на кои ќе се знае колку е сериозна повредата, а резултатите ќе ги дознаеме во текот на денот.

 

За репрезентацијата на Англија, тоа би бил голем удар, а би можел да влијае на текот на првенството.

 

Да потсетиме, Англичаните едвај вчера го победија Тунис со 2-1, со два гола на Хари Кејн.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien