Доналд Трамп формира „Space Force“ како шеста бранша во американската армија

Американскиот претседател Доналд Трамп веќе еднаш најави дека се размислува за проширување на присуството на американската армија и во вселената. Тој тоа го најави во март во говор кој го одржа пред маринците, но овој пат тоа изгледа одлуката е дефинитивно донесена.

 

Во говор специфичен за него тој истакна дека кога е во прашање одбраната на Америка, не е доволно само да се има американско присуство во вселената, туку мора да се има американска доминација во вселената.

 


 

“Не е доволно само да постои американско присуство во вселената. Мора да имаме американска доминација во вселената. Ќе имаме воздухопловство и ќе имаме вселенска сила. Различни, но еднакви. Тоа ќе биде нешто. Нешто многу важно”, изјави Трамп.

 

Тој нагласи дека САД ќе бидат лидери во вселената додавајќи дека вселената е прашање на национална безбедност и дека не сака Русија, Кина и други земји да ги престигнат САД.

 

Претседателот на САД истакна дека му наложува на министерството за одбрана веднаш да го започне процесот на формирање на вселенските сили, како шеста бранша на американската армија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien