Јада : Оваа сезона се чувствувам многу поподготвено за разлика од лани и планирам да постигнам подобри резултати

Македонскиот репрезентативец во нордиско скијање, биатлон и олимпиец, Ставре Јада, на 23 јуни заминува на подготовки во Покљука-Словенија, светски познат комплекс за биатлон. Тоа ќе бидат негови први поготовки надвор од Македонија, а ова лето планирал да има 5 до 6 такви припреми во Банско и Белмекен во Бугарија, повторно Словенија и Австрија.

 

„Моментално се чувствувам одлично за разлика до минатата сезона кога имав доста здравствени проблеми и кога неможев да го извлечам максимумот од тренинзите. Оваа година сезоната ја започнав со попрофесионална работа и не излегувам надвор од зададената програма која ми ја дава мојот тренер и селектор на македонската репрезентација Ѓоко Динески. Често пати се случува дури и јас да си наддадам 15 до 20 минути повеќе на тренинзите. Тренинзите ги започнав на 11-ти овој месец во Крушево и морам да напоменам дека има уште 2-јца млади членови кои се доста сериозни и тренираат доста, а тоа се Михаела Даноска и Дарко Крстески. Потешките тренинзи ги работам според програмата, а додека полесните со овие млади натпреварувачи кои веќе за 1 до 2 години ќе го дадат својот резултат“, изјави Ставре Јада.

 

Неговите главни цели ќе бидат намалување на ФИС поените, поголемо посветување на биатлонот и учество на универзијадата во 2019 година во Красносјарк, Русија.

 

Јада пред 3 недели бил на контролен тест во Љубљана,  Словенија, кај д-р Радоје Милиќ каде добил одлични резултати.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien