Kим испрати писмо до Путин, сака добри односи со Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун му испрати писмо на рускиот претседател Владимир Путин во кое истакна дека сака да одржи контакти на високо ниво со Русија, соопшти советникот за надворешна политика на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

 

За сега не е направен договор за можна посета на севернокорејскиот лидер.

 

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков претходно во текот на овој месец откри дека рускиот претседател Владимир Путин го поканил лидерот на Северна Кореја да ја посети Русија, а тоа би можело да се случи за време на економскиот форум во Владивосток во септември.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien